| четврток, 6 декември 2018 |

Катастрофални поплави ја погодија Јапонија (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица се повредени, а едно се води како исчезнато во поплавите и свлечишта кои, по обилните врнежи, ја погодија Јапонија. Особено загрижувачка  е ситуацијата во Џос, град северно од Токио, кој целосно е поплавен.

Poplave-5

Овој град со 65.000 жители, поплавен по излевањето на реката Кинугава. АФП наведува дека телевизиските снимки од тој град се драматични и дека водата носи сѐ пред себе додека очајните жители чекаат помош.

Властите поради поплавите наложија итна евакуација на десетина илјади луѓе.

Poplave-7

 

Силните врнежи не запираат веќе втор ден, а стотина куќи се поплавени, пренесоа агенциите.

Според наводите на противпожарната служба и службата за кризни ситуации, 15 лица се повредни во невремето, помеѓу кои две потешко.

Властите во Точига наложија евакуација на повеќе од 90.000 луѓе, а во Ибарка најмалку 20.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top