| четврток, 6 декември 2018 |

Затворена најстарата книжарница во Атина

Најстарата книжарница во главнот грчки град не успеа да опстои под притисокот на економската криза, па поради тоа беше затворена.
Едно од официјалните лица на книжарницата „Естија“, која има 12 вработени, во изјава за агенцијата „Анадолија“ посочи дека поради економската криза книжарницата не може да продолжи со работа, па беше донесена одлука за нејзино затворање.
„Естија“ во Атина беше отворена во 1885 година, како продажен центар за стрипови, а потоа стана и книжарница и издавачка куќа.
„Естија“ беше посетувана од уметници, политичари и писатели, а имаше и традиција долга 128 години. Пред 21 година се преселија на плоштадот Омониа, по што почнаа да се отвораат и други книжарници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top