| четврток, 6 декември 2018 |

Во Неготино се чистеа столбовите под мостот

Обилните врнежи од дожд кои на ова подрачје беа присутни во изминатиот период и зголеменото ниво на водите во реката Вардар придонесоа за зголемување на опасноста по безбедноста на Војшанскиот мост кој е лоциран во близина на Термоелектричната централа Неготино пренесуваат од порталот regoni.mk

IMG_20130401_111820

Надојдените води на Вардар со себе донесоа големи наноси од дрвја и смет кои се закачуваа на столбовите на мостот, кои и претходно имаа претрпено одредени оштетувања и вршеа притисок врз нив.

Токму тоа беше повод стручни лица од Одделението за комунални дејности при општина Неготино, потпомогнати од работници на овластена градежна фирма, да излезат на терен и да извршат чистење на насобраните дрвја на мостот со користење чамец и соодветна механизација, по што дојде до отстранување на наносите кои вршеа притисок на столбовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top