| четврток, 6 декември 2018 |

Координативен состанок за проектите иницирани на средби на Груевски со граѓаните

gruevski kumanovo

На координативен состанок во Владата  попладнево ќе се расправа за реализацијата на проектите, чијашто цел е надминување на предизвиците на локалното население посочени при посетите на премиерот Никола Груевски на општините.

Службата за информирање на Владата најави дека премиерот Никола Груевски ќе одржи работен координативен состанок на кој ќе се разгледува степенот на реализација на проектите.

Во изминатиот период премиерот посети повеќе општини во државава при што на средби со жителите беше информиран за предизвиците со кои се соочуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top