| четврток, 6 декември 2018 |

Со темно чоколадо до подобра концентрација

Истражувачи од Универзитетот Северна Каролина откриле дека вниманието и концентрацијата се зголемуваат доколку во текот на денот се изеде малку чоколадо кое содржи висок процент на какао.

cokolada

Во истражувањето учествувале 122 лица на возраст од 18 до 25 години, чија активност на мозокот е мерена по конзумирањето на различни видови чоколадо, а најдобар резултат покажало чоколадото кое содржи околу 60 отсто какао.

Голем број од луѓето околу пладне чувствуваат замор и не можат да се концентрираат, а тоа најмногу се однесува на вработените и студентите.

Според истражувачот Лери Стивенс, темното чоколадо кое содржи околу 60 проценти какао дало одлични резултати токму по прашањето за јакнење на концентрацијата.

– Освен што помага за концентрација, темното чоколадо е богато и со антиоксиданси и материи кои помагаат при намалување на ризикот од срцев удар – истакнaл Стивенс.

Поранешните истражувања покажале дека коцките темоно чоколадо го намалуваат ризокот од дијабетес, па така лицата кои 6 пати неделно консумиралечоколадо, го намалиле ризикот од дијабетес за дуро 34отсто во споредба со оние кои консумирале по една коцка чоколадо еднаш дочетири пати месечно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top