Фудбалерите на Турција направија голем исчекор до третото место во групата А во рамките од квалификациите за Европското фудбалско првенство откако во Истанбул ја торпедираа Холандија со 3-0, директниот конкурент за третата позиција.
Кризата во репрезентацијата на „лалињата“ и понатаму трае откако и во вториот натпревар во низа ззбележаа пораз без постигнат гол.
Сите дилеми на вечерашната средба практично беа решени уште во првата половина од првиот дел, кога Турците преку Озјакуп и Арда Туран поведоа со два гола разлика. Во финишот од средбата, Бурак Јилмаз стави точка на натпреварот.
Интересна средба беше одиграна во Норвешка каде домаќинот рутински славеше победа над Хрватска од 2-0. Со оваа победа Норвежаните се искачија на првото место во групата, додека „коцкестите“ со единствениот пораз досега паднаа на третото место. Првиот гол беше дело на Бергет во 51 минута, а вториот е автогол на Чорлука во 69 минута.
Во останатите денешни натпревари беа постигнати следните резултати:
Летонија – Чешка 1-2, Малта – Азербејџан 2-2, Велс – Израел 0-0, Босна и Херцеговина – Андора 3-0, Кипар – Белгија 0-1, Исланд – Казахстан 0-0, Италија – Бугарија 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



