
Со интеграцијата на Blackberry Messenger во телефонот Blackberry 10, вие можете да им покажувате на вашите пријатели кое видео го гледате во моментот на Интернет или преку видео плеерот. Ова е одлично доколку се релаксирате со некоја песна или гледате нова епизода од The Big Bang Theory.
Проблемот настанува кога ќе сурфате и ќе сакате да гледате видеа преку веб прелистувачот. Messenger-от исто така ќе ги прати видеата што ги гледате преку веб прелистувачот, па ќе им ги прикажува и нив на вашите пријатели. Замислете си ситуација каде што им праќа нотификација дека гледате видео на redtube? 🙂
Сепак, овој проблем лесно се решава. Во сетинзите на телефонот, се што треба да направите е да ја исклучите опцијата „show what I’m listening to” и ќе се заштитите од потенцијални срамни моменти.
Превземено од: GSM.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


