| четврток, 6 декември 2018 |

ИД уништи три од познатите кули­-гробници во античкиот град Палмира

Терористичката организација Исламска држава уништи три од познатите кули­-гробници во античкиот град Палмира, во сириската пустина. ­

palmira

 

– Тие кренаа во воздух три од кулите, кои беа најдобро зачувани и најубави – изјави директорот на одделот за древна историја и музеи Мамун Абдел Карим.

Гробниците се изградени меѓу 44 и 103 година. Новото уништување на овој споменик на светското културно наследство доаѓа две недели по уништувањето на два храма од римската епоха.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top