Автомобил „Форд ескорд“ со скопски регистерски таблички се запалил денес напладне во непосредна близина на зградата на општина Ѓорче Петров.
Оттаму информираат дека, додека чекале да пристигнат противпожарните возила, вработените се обиделе да го изгаснат пламенот кој се ширел од моторот на возилото.
-По брзата интервенција на противпожарните возила, пламенот кој се прошири на поголем дел од возилото, беше изгаснат. Причините за пожарот на возилото не се познати, велат од општината.
Неофицијално пожарот бил предизвикан од неисправна електричната инсталација .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



