Македонскиот народен театар (МНТ) ја почнува новата театарска сезона со гостување во повеќе земји.
Националниот театар од Букурешт, Р. Романија, го организира Меѓународниот театарски фестивал НЕТА под мотото „Театарот – херој на нашето време“ и ќе се одржи од 28 август до 4 септември 2015 година. Годинава учество ќе земат 10 земји (Русија, Италија, Грузија, Романија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Албанија) со 11 претстави потпишани од страна на познати режисерски имиња: Андриј Жолдак, Иван Допчев, Дејвид Дојашвили, Спиро Дуни и други. Теми поврзани со националноста, емиграција, потрага по идентитет и врската помеѓу театарот и реалноста играа улога во донесувањето одлука за тоа кои претстави ќе земат учество на фестивалот.
На 4 септември, Македонскиот народен театар го затвора Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт со претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак. „Електра“ беше избрана за најдобро уметничко остварување во целина на 50. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Претставата ја понесе наградата за најдобра режија, актерката Дарја Ризова доби награда за најдобра женска улога,актерката Звездана Ангеловска доби награда за епизодна улога,а наградата за млад актер му припадна на Александар Ѓорѓиески.
На 15 септември, Македонскиот народен театар ќе земе учество и на Театарскиот фестивал ФИАТ во Подгорица, Р. Црна Гора, со претставата „Електра“. На истиот фестивал, на 14 септември, учество ќе земе и претставата „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија на Дамјан Читкушев.
Публиката ке има можност да ја види претставата „Електра“ на 19 септември, во рамките на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Во рамките на јубилејното 40-то издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој оваа година ќе се одржи во периодот од 23-28 септември, ќе се одигра претставата „Електра“ на сцената на МНТ на 28 септември.
Во месец октомври, претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ во режија на Синиша Евтимов ќе гостува во Националниот драмски театар во Баку, Азербејџан, кој постои веќе 140 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


