Во второто тримесечје од годината во Македонија има 6.747 слободни работни места, наспроти 452.291 вработени лица.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на слободни работни места изнесува 1,47 проценти.
Најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија (2.118) и во трговијата на големо и мало (1.255), а најмалку во секторот снабдување со електрична енергија и гас и во дејностите со недвижен имот.
Малите компании кои имаат од три до девет вработени лица имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 1.893 места.
Гледано по регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион, односно 2.50 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.