
Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за тие што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој најави дека следниот месец почнува темелната реконструкција на патот Гевгелија – Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември – декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско – Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.
Во првата половина на следната година треба да почне и градбата на патот Охрид – Пештани и патот Кочани – Штип со четири ленти, како и патот Радовиш – Штип, исто така, со четири ленти, рече Груевски.
Во моментот во длабока фаза на проширување е и регионалниот пат од Велес до Штип кој треба да премине во експресен пат.
– Сите овие проекти вредат околу 276 милиони евра, значајни средства за околу 126 километри пат, кои ќе бидат од голема корист не само за граѓаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патишта по кои патуваат луѓе од целата држава, а, исто така, и странци – оцени премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


