| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на КК„Партизан„ Вујошевиќ доживеал сообраќајна несреќа (фото)

dusko-vujosevic-saobracajka-novi-beograd-foto-stefan-jokic-1440951746-729891

Тренерот на КК „Партизан„ Душко Вујошевиќ- Дуле денеска имал сообраќајна несреќа на Нов Белград, информира српски Курир.Сообраќајката се случила на булеварот Михајло Пупин близу Трговски центар Ушче.

dusko-vujosevic-saobracajka-novi-beograd-foto-stefan-jokic-1440951746-729893Според првичните информации, несреќата се случила кога Вујошевиќ, кој возел автомобил марка BMW X3 и се движел од правец на Бранковиот мост, удрил во патнички автомобил, кој се движел по улицата, но доаѓал од правецот на Трговски центар Ушче. Несреќата се случила на раскрсница.
Ова не е прва сообраќајка во која учествувал кошаркарскиот тренер на Партизан. Вујошевиќ на крајот од јуни минатата година имаше сообраќајна несреќа во која тој помина без никакви повреди.

Несреќата се случила кога џипот кој го возел тренерот на Партизан налетал на трамвај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top