| четврток, 6 декември 2018 |

1.600 трактори и 6.300 приклучни елементи набавени со државна поддршка

traktor

Проектот субвенционирање на земјоделска механизација дава одлични резултати. Преку него државата покрива педесет проценти од трошоците за купување на нови трактори и приклучни елементи.

Досега се вложени над 10 милиони евра, а македонските производители набавиле речиси 1.600 нови трактори и над 6.300 приклучни елементи. Проектот продолжува, а во деновиве завршува новиот повик преку Агенцијата за финансиска поддршка на кој можат да аплицираат земјоделците кои располагаат со минимум 1,5 хектари житни или индустриски култури или најмалку 5 декари тутун.

Земјоделците кои веќе ја искористија владината поддршка сметаат дека без субвенциите никогаш немало да можат да си дозволат нови трактори и нова механизација. Задоволни се што Владата покрај субвенции ги помага и на овој начин со што, како што велат, го зголемуваат своето производство и го приходот од оваа дејност.

Паралелно со овој проект нова механизација може да се набави и преку ИПАРД програмата за земјоделците кои поседуваат долгогодишни насади или се занимаваат со сточарство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top