| четврток, 6 декември 2018 |

Во стравичната сообраќајка кај Смоквица, потешко повредени двајца странски државјани (ФОТО)

hororsoobrakajka22
Во стравичната сообраќајка на магистралниот пат Демир Капија- Смоквица, потешко се повредени двајца странски државјани.
Несреќата се случила претпладнево околу 11:30 часот кај селото Смоквица, на само 100-тина метри од автопатската делница пред Гевгелија.
hororsoobrakajka33
Во директниот судир учествувале автомобил „пежо“ со босанска регистрација и „опел“ со српски регистарски ознаки. Од засега неутврдени причини едно од возилото преминало во спротивната коловна лента и директно удрило во автомобилот кој доаѓал од спротивниот правец.

Од силината на ударот, опелот излетал надвор од патот, а во несреќата се повредени двајца. Со тешки телесни повреди се зддобила жена од босанскиот автомобил и едно лице од опелот со српска регистрација.
На местото на несреќата увид правеше полицјата и јавен обвинител. Поради несреќата, сообраќајот беше пренасочен по автопатската делница која е во изградба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top