| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии направени по самоубиството на Хитлер

Фотографиите се во сопственост на магазинот „Life”, чиј фоторепортер Вандиверт, тогашен 30 годишен фотограф, влегол во бункерот на Хитлер во Берлин, во кој што нацистичкиот водич се криел за време на бомбардирањето

Црно-белите фотографии кои што ги снимил фотографот Вилијам Вандиверт кој што влегол во бункерот во кој се убиле Хитлер и неговата сопруга Ева Браун, за првпат се достапни и на интернет. Тие се во сопственост на магазинот „Life”, чиј фоторепортер Вандиверт, тогашен 30 годишен фотограф, влегол во бункерот на Хитлер во Берлин, во кој што нацистичкиот водич се криел за време на бомбардирањето. Така, тој ги направил овие фотографии непосредно по самоубиството на озогласениот водич. Иако дел од фотографиите претходно биле објавени магазинот „Life”, некои од нивпрвпат се појавуваат во јавност. Вандиверт бил првиот на кого му било дозволено да влезе во бункерот, непосредно откако телата на Адолф Хитлер и Ева Браун биле изнесени од собата во која што го направиле самоубиството.

Рајхот на Хитлер, кој некогаш се простирал на огромна територија, пред неговото самоубиство било намалено до само неколку смрдливи соби во цементиран бункер, каде што тој заедно со Ева Браун го завршил животот. На 30 април 1945 година тие се затвориле во собата во бункерот, по што Ева испила цијанид, додека Хитлер си пресудил со пиштол.
Вандиверт подоцна раскажал дека фотографиите настанале речиси во целосен мрак и дека просториите биле осветлени само со слабото светло од свеќите. На една од фотографиите може да се види како истражувачите го разгледуваат бункерот по смртта на Хитлер и Браун. На истата фотографија се гледаат и траги од крвта на Хитлер, на двоседот на кој што тие го извршиле самоубиството.

hitler-21

Приказ како денес изгледа местото на кое што некогаш се издигнувало последното живеалиште на еден од најсуровите водичи во историјата на човештвото

Покрај фотографиите направени во бункерот, во галеријата може да се забележат и слики од разрушениот Берлин, како и некои други овековечени моменти од владеењето на Хитлер и периодот по неговата смрт.

hitler-18 hitler-20 hitler-19 hitler-17 hitler-16 hitler-12 hitler-13 hitler-14 hitler-15 hitler-11 hitler-05 hitler-06 hitler-07 hitler-08 hitler-10 hitler-09 hitler-01 hitler02 hitler-03 hitler-04

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top