Жена во 1938 година оди по улица носејќи мобилен телефон. Оваа снимка ја шокираше јавноста и веднаш создаде бројни теории
на заговор. Ќе прочитате теорија дека жената патувала низ времето и случајно била снимена додека зборува со некој од иднината. Дури и се јави еден корисник на „Јутуб“, кој тврди дека жената од видеото му е роднина и дека постои научно објаснување за необичната снимка.
– Дамата што ја гледате е мојата прабаба Гертруда Џоунс. Таа работеше во фабриката „Дупонт“, која ја разви безжичната технологија. Таа тогаш имала 17 години и се сеќава јасно на сè – рекол роднината.
Тој тврди дека тогаш експериментирале со безжичните телефони и дека пет примероци ѝ биле дадени на жената и на нејзините колеги, а била снимена додека зборувала со некој научник што стоел во нејзина непосредна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


