| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето-плата во јуни 22.025 денари

плата

Просечната исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни годинава изнесувала 22.025 денари и е за 3,7 отсто поголема од јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Порастот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата во секторите – уметност, забава и рекреација (23,6 отсто), други услужни дејности (11,5 отсто) и рударство и вадење на камен (8,6 отсто).

Намалување на нето-платата, во однос на претходниот месец е забележано во секторите – стручни, научни и технички дејности (7,0 отсто), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7,0 отсто) и дејности во врска со недвижен имот (5,0 отсто).

Во јуни годинава, плата не примиле 1,9 отсто од вработените во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top