Манчестер јунајтед без проблеми се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите откако во реваншот од баражот против Бриж на го декласираше домаќинот со високи 4-0. Главна ѕвезда на вечерта беше Вејн Руни, кој постигна хет-трик. Руни со три погодоци, во 20. во 49. и во 57. минута ја круниса извонредната партија за лесна победа на Манчестер јунајтед, а конечниот резултат го постави Херера во 63. минута од средбата. Во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ Манчестер победи со 3-1 и со вкупен резултат од 7-1 заслужено оди понатаму.
Club Brugge vs Manchester United 0-4 All Goals… by Pewdiepie2011
Партизан во Белград како и што најави дека ќе оди на победа против Бате Борисов, тоа и го стори, но сепак тоа е Пирова победа бидејќи госите постигнаа гол за конечен резултат од 2-1 за црно-белите. Првиот натпревар заврши со победа на Бате од 1-0 и со гол постигнат на гости се радува на пласманот во групната фаза.
Partizan Belgrade vs Bate Borisov 2-1 All Goals… by Pewdiepie2011
Голем подвиг направи екипата на ЦСКА Москва победувајќи на домашен терен со 3-1 против Спортинг Лисабон. Првиот натпревар во Спортинг заврши со резултат 2-1 за португалците. Во синоќешниот дуел Спортинг по првиот дел имаше предност од 1-0, со ЦСКА направи целосен пресврт во второто полувреме, постигнувајќи три гола. Јунак за „армејците“ беше Муса кој го постигна голот за пласман во групната фаза во 85. минута.
Баер Леверкузен ја надомести негативата од првиот меч во Рим против Лацио од 1-0 и рутински дојде до победата, која значи пласман во групната фаза од ЛШ. Калханоглу во 40. минута од првиот дел, Мехмеди во 48. минута и Белараби во 88. минута беа стрелци на головите за Леверкузен.
Казахстансикиот тим Астана е најпријатното изненадување откако во двомечот успеа да го елиминара Апоел со вкупен резултат од 2-1. Синоќешниот дуел на Кипар заврши 1-1, откако Апоел ја анулира предноста од првиот натпревар со голот на Штилиќ во 60.минута, но Казахстанците сосема заслужено се пласираа во групната фаза од ЛШ со голот на Максимовиќ во 84. минута кој донесе 1-1 на Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



