
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луј Ван Гал изјави дека во следниот период Маруан Фелаини ќе биде прекомандуван во напаѓачката линија.
– Фелаини може да игра во средниот ред, но во претстојните средби ќе го користам исклучиво во нападот. Морам да ротрирам. Премиер лигата е долга и морам да ги користам сите играчи, нагласи холансдкиот стручњак.
Ван Гал очекува со помош на Фелаини да се подобри реализацијата на тимот која е проблематична на стартот од новата сезона. Манчестер во трите кола постигна само два погодока.
– Не ми е битно каде ќе играм, најважно е Манчестер да победува. Првата сезона ми беше тешка, сега сакам да играм добро и да постигнувам голови, истакна Фелаини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


