| четврток, 6 декември 2018 |

Западните разузнавачки служби: Стотици џихадисти чекаат знак за напади во Европа

Околу 800 исламски екстремисти се подготвени за терористички напади низ Европа, откако се вратиле од Сирија и Ирак, предупредиле шпански разузнавачи, пренесуваат британските медиуми, објави порталот „МКД.мк“

Се истакнува дека станува збор за џихадисти што биле обучувани од припадници на Ал каеда и Исламска држава, а кои во Европа спремно чекаат знак за почнување терористички напади, пренесува „Дејли мејл“.

Меѓу нив има и 350 Британци обучувани на територијата под контрола на ИСИС.

„Овие луѓе не се посебно добро обучени, но спремни се да направат сѐ. Тие се индоктринирани, но минале минимален тренинг“, изјавил разузнавачки извор.

Предупредувањето следува откако вооружен Мароканец се обиде да изврши терористички напад во воз од Амстердам кон Париз, а кој бил „исламистички повратник“ што минал време во Сирија.

Тајмс пренесува дека повеќето екстремисти се под надзор на државата, но на поединци им е изгубила трагата.

Шпанскиот министер за безбедност Франциско Мартинез неодамна изјави дека „овие момчиња многу брзо стануваат поддржувачи на ИСИС и за неколку недели стануваат фанатици“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top