| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Јолевски го посети прифатниот центар за бегалци во изградба

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој беше во посета на прифатниот центар во изградба, рече дека се примаат бегалците во неколку групи, тука добиваат потврди и потоа можат да продолжат на железничката пруга па кон дестинациите на север,објави „А1 .он“.

kamp-vo-izgradba

-Владата на Република Македонија прави се што може да ги прифати колку што имаме средства на располагање и се надевам дека ќе се направи заедничка стратегија за цела Европа. Поголем дел од овие мигранти доаѓаат од Грција. Од утрово се стигнати околу 450 мигранти и ќе продолжиме да помагаме преку армијата.

jolevski-deli-voda-na-migranti-2

Наша механизација е овде вклучена во изградба на овој прифатен центар. Овој прифатен центар ќе се полни со тие што доаѓаат, тој е краткорочен. Вчера стигнаа околу 4000 мигранти тоа е некој максимален капацитет што го има овој центар, рече Јолевски.

Според Јолевски не може да се предвиди колкав бран бегалци ќе доаѓа кон Македонија, зашто голем дел од нив доаѓаат со бродови до Грција, а потоа се транспортираат од грчка страна по копното до македонската граница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top