Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерс-турнирот во Синсинати откако по долга борба која траеше два и пол саата успеа да го скрши силниот отпор на Алекс Дологополов и да слави со 2-1 (4-6, 7-6, 6-2) во сетови.
Украинецот успеа да го освои првиот сет откако направи два брејка во воведниот сет, а клучен момент беше тајбрејкот од вториот сет. Долгополов имаше водство од 5-4 и делуваше како да се наоѓа во одличен ритам, но потоа направи две грешки, Ѓоковиќ го зеде сетот со 7-5 и целосно ја превзеде контролата над мечот.
Имено, Долгополов спаси брејк топка при својот прв сервис-гејм во решавачкиот сет, но потоа следеа два брејка на Србинот, кој славеше со конечни 4-6, 7-6, 6-2.
Ѓоковиќ може да влезе во историјата на тенисот како прв тенисер кој успеал да ги освои сите мастерс турнири што се организираат во светот, а за да го направи тоа треба да го освои и Синсинати кој му недостасува во неговата колекција на пехари.
Негов противник во финалето ќе биде подобриот од вечерашното полуфинале меѓу Енди Мареј и Роџер Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


