
Тројца Американци и еден Британец, кои го совладаа вооружениот напаѓач во брзиот воз „Талис“ на линијата од Амстердам до Париз, се слават како херои во Франција, јави ДПА.
Тие се поканети во Елисејската палата заедно со француски патник, што според министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев прв сигнализирал на патниците, откако забележал маж со „Калашников“ да излегува од тоалетот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд ги пофали за „исклучителната храброст“, а американскиот претседател Барак Обама изрази „длабока благодарност за покажаната храброст и брзата реакција“.
Белгискиот премоер Шарл Мишел денеска предложи итен состанок на лидерите на Франција, Германија и Холандија, со цел да се зголеми безбедноста во прекуграничните возови.
– Премиерот предлага итен состанок на министрите за сообраќај и внатрешни работи на Белгија, Франција, Германија и Холандија за зголемување на антитерористичките мерки, особено проверка на идентитетот и контрола на багаж, соопшти канцеларијата на белгискиот премиер по неговиот состанок со советот за безбедност на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


