| четврток, 6 декември 2018 |

Милер: ЕУ треба да инвестира над 10 милијарди евра за справување со бегалците

Migrants wait permission to cross in Macedonia on their way for the western Europe countries

Европската комисија треба да инвестира над 10 милијарди евра за изградба на центри за бегалци во земјите на периферијата на ЕУ, изјави за весникот „Билд“ германскиот Министер за економска соработка и развој Герд Милер, јави ДПА.

– Одложувањето на ЕУ е неприфатливо, истакна Милер за денешниот број на весникот.

Грција и Италија се главни влезни центри за бегалците, што пристигнуваат со чамци од Турција и Северна Африка. И двете земји побараа од ЕУ помош во справувањето со бранот бегалци.

Според германскиот министер ЕК треба да обезбеди на земјите членки заеднички стандард за справување со бегалците, повеќето од кои сакаат да стигнат до северноевропските држави со дарежлив систем за социјална помош.

– Во Германија има одговорни и хумани стандарди за азил, медицинска грижа, социјална помош и друго. Многу земји во ЕУ имаат пониски стандарди, истакан Милер.

Германија очекува годинава 800.000 мигранти да побараат азил во земјата, што е повеќе од било која друга држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top