Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Белгија што ќе се вози на патеката „Спа Франкошампс“.
Тој денеска во квалификациите имаше најдобро време, додека втор резултат постигна неговиот клупски колега Нико Розберг.
Трето време во квалификациите имаше Валтери Ботас од Вилијамс, кој имаше минимална предност во однос на Роман Грожан од Лотус. Но, поради промената на менувачот Грожан ќе стартува од 14.позиција.
Ланскиот победник на оваа патека Даниел Рикардо ќе стартува од позицијата број шест. Стартот на утрешната трка е во 14 часот.
Ова беше десетта пол-позиција за Луис Хамилтон оваа сезона во 11 трки, а има победено на пет. Тој води во генералниот пласман пред клупскиот колега Нико Розберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



