
Од грчка плажа, новинарот Борјан Јовановски, кој е на листата на оние кои се добро платени од страна на СОРОС, плука по Егејците и ги навредува. Додека раководството на Хелсиншкиот комитет во кое се наоѓа и тој го оплакува дејствувањето на полицијата над бегалците кои нелегално влегоа во РМ пробивајќи го полицискиот кордон, миленикот на фондациите Јовановски мирот за душата која му плаче заедно со децата на Сиријците го побара на Халкидики.
Јовановски се исмева со геноцидот над Македонците во 1948. Плукајќи врз гробовите на сограѓаните на неговиот дедо, користејќи ја ужасната судбината на бегалците, тој им се улизува на своите финансиери и на опозициската СДСМ.
Јовановски не е единствениот кој упати невкусни коментари кои се болни удари за Егејците.
Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ, поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска продолжува со дрски и вулгарни навреди кон македонскиот народ.
„Каде се нашите гласни Егејци да застанат во одбрана на бегалците. Или сега се од другата страна на жицата па имаат поинаква перспектива?“ напиша таа.

Хелсиншкиот комитет во чии Управен одбор и Собрание членуваат истакнати членови на СДСМ и нивни блиски новинари, го нападнаа МВР и државните органи.
Додека македонската полиција се обидува да воспостави ред и мир на границата со Грција и да го заштити локалното населени од напливот на мигранти, Хелсиншкиот комитет преку соопштение жестоко ја нападна полицијата и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
Во Хелсиншкиот комитет за човекови права членуваат голем број на истакнати членови на СДСМ како и блиски новинари, аналитичари и активисти. Дел од Хелсиншкиот комитет се Љубомир Д. Фрчковски, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Борјан Јовановски,Алберт Муслиу, Петрит Сарачини. Сите тие се гласноговорници на СДСМ. Сите тие водат политика без да избираат средства. Но, спомнувајќи ги Егејците во овој контекст, тие ја навредија цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


