
Американскиот долар достигна рекордна вредност во однос на турската лира, така што еден долар се менува за нешто повеќе од три турски лири, додека вредноста на еврото достигна 3,3 турски лири.
Вредноста на турската лира нема забележано ваков пад од 2001 година досега.
Партијата на правдата и развојот (АПК), која управуваше самостојно во три последователни мандати од 2002 година досега, на парламентарните избори на 7 јуни за првпат го загуби парламентарното мнозинство, јави БТА.
За време на управувањето на АПК, особено во првите два мандати турската економија постигна раст од околу 8 проценти, привлекувајќи голем број странски инвестиции и остварувајќи напредок во внатрешната трговија, туризмот и енергетиката.
АПК предводена од тогашниот премиер и лидер на партијата, а сега претседател на земјата, Реџеп Тајип Ердоган започна процес на помирување со Курдите. Во третиот мандат од управувањето на АПК Турција се соочи со период на политичка нестабилност и економска несигурност.
На парламентарните избори на 7 јуни ниту една политичка партија не успеа да освои доволен број гласови за самостојно формирање на влада, по што пропаднаа и сите обиди за формирање коалициона влада.
Анкара на 24 јули започна воена операција против тероризмот, насочена истовремено против ПКК и борци од групата Исламска држава во Сирија. Во изминатиот месец 37 турски војници, 17 полицајци и 2 шумски службеници се убиени во напади на ПКК.
Турција сега оди на втори парламентарни избори во период од 6 месеци. Претстојните избори ќе бидат четврти избори во изминатите две години, по локалните и претседателски избори во 2014 година и парламентарните избори на 7 јуни 2015 година. Во меѓувреме турската лира продолжува да губи од својата вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


