Рафаел Надал не успеа да ја мине втората пречка на мастерсот во Синсинати и во шпанската пресметка против Фелицијано Лопез мораше да му признае на противникот дека е подобар. Лопез славеше со 2-1 (5-7, 6-4, 7-6) во сетови по долга борба која траеше два и пол часа.
Надал со еден брејк во самиот финиш од првиот сет дојде до предност, но Лопез возврати со фантастичен сервис во вториот сет (шест аса) и го израмни резултатот. Во третиот сет двајцата тенисери беа неприкосновени на свој сервис па мечот се решаваше во тај-брејк. Лопез беше по концетриран и заслужено се пласираше во третото коло.
Противник на Фелицијално Лопез ќе биде Роџер Федерер, откако Швајцарецот во својот меч доминантно го прегази Кевин Андерсон со 6-1, 6-1. Федерер делуваше супериорно на теренот, отворајќи го мечот со водство од 5-0, а за оваа победа на треторангираниот светски тенисер му беа доволни само 54 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


