| четврток, 6 декември 2018 |

До густи веѓи со само неколку домашни третмани

Веѓите се единствените влакненца на телото што жените сакаат да ги задржат, но поради пречестото и неконторлирано кубење, може трајно да останат ретки. Со овие домашни состојки влакненцата природно повторно ќе почнат да растат.

Масло од рицинус

Содржи големи количества на протеини и витамини, кои го стимулираат растењето на влакненцата. Тие ги стимулираат фоликулите и ги прават посилни. Со стапче за уши намачкајте ги веѓите со масло од рицинус, триејќи ги корењата на влакната. Најубаво е да се мачкате пред да си легнете и наутро да се миете.

Маслиново масло

Полно со витамин Е, кое ги стимулира влакната да растат и така истовремено ја хранат кожата. Ставете една лажичка загреано маслиново масло на веѓите. Масирајте ја кожата една-две минути и нека стои така во текот на ноќта. Наутро ќе се измиете.

Жолчка

Јајцето е многу храниво, кое содржи кератин, поради што влакненцата побрзо растат и стануваат поцврсти. Измешајте ја жолчката од јајцето додека да се запени и со стапче за уши премачкајте ги веѓите. Нека постои 15-20 минути и потоа измијте се со ладна вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top