| четврток, 6 декември 2018 |

„Топол културен бран“ во Кавадарци: Џез-концерт, изложба и промоција

Во среда, на 19 август, ќе настапи извонредното џез-трио „Пор Че Не“ (Por Che Ne), кое е космополитски спој на три силни музички личности, секоја од нив своевидна икона на традиционалната музика во нивните земји Аргентина, Италија и Македонија. На нивната стандардна постава, Лео Џеновезе од Аргентина (пијано и електроника), Франческо Маркоки од Италија (акустичен бас и вокал) и Александар Петров од Македонија ( удиралки, тапани и вокал), специјално на овој концерт ќе им се придружи Мари Петров (вокал и тромбон). Нивната музика претставува трансверзала меѓу три континенти, преку оригинални композиции.

Специјални гости на вечерта се прекалените кавадаречки џезери од бендот „Модерн џез квартет К“, со чиј настап ќе биде отворена оваа вечер. Концертот започнува во 21.30 часот, а ќе се случи на Малиот парк спроти полициската станица во Кавадарци.

Во четврток, на 20 август, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе биде отворена изложба на познатиот македонски ликовен уметник Драган Најденовски од Битола.

Во 20.30 часот, исто така во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура, ќе се одржи промоција на книгата „Етичари“ од проф. д-р Кирил Темков.

Истата вечер, со почеток од 21 часот, на терасата-базен во хотелот „Уни Палас 2“ ќе биде свечено отворено најновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци“, на која годинава ќе учествуваат и творат триесетина ликовни уметници од Македонија и од странство, по што, во 21.30 часот на истиот простор ќе се одржи целовечерен концерт на џез бендот “Модерн џез квартет К“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top