Демократската партија на Албанците обвини рано утрово дека членови на противничката партија го поставиле македонското знаме пред партиското седиште во Тетово, агенцијата ДОНА пренесува извештај на „Газета Македоне“.
– Не ни беа потребни активисти на ДУИ за поставување на знамето, тоа можевме да го сториме и самите ние – изјави член на регионалниот совет за култура на партијата, кој истакна дека државното знаме е подготвено да се развиори гордо пред канцелариите на ДПА секаде низ земјава.
Единствен проблем, според него, бил силниот ветер што го симна македонското знаме во Кичево и затоа во партијата се плашеле дека инцидентот може да се повтори и пред нивните простории.
Претходно ДУИ во текот на викендот од канцеларијата на лидерот Али Ахмети во Мала Речица го извади македонското знаме и го постави во дворот заедно со албанското, американското и знамето на Европската унија. Потегот со силни аплаузи го поздравија граѓани на Мала Речица и гости од Албанија, Косово, Бујановац и дијаспората.
– Ова е мал чекор за Албанците, но голем чекор за соживотот, братството и единството на нашите народи и народности – изјави анонимен член на ДУИ кој инсистираше да не му се спомене името.
Според непотврдени информации на агенцијата ДОНА, активисти на ДУИ разочарани што нивните политички опоненти не сакале да покажат лојалност кон македонската држава откако го поставиле државното знаме пред своите простории во текто на ноќта во тајна операција поставиле големо македонско знаме и пред седиштето на ДПА.
Сите права задржани - денеска е 1 Април - ден на шегата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


