Поради загубен облог со фудбалерите, тренерот на голманите на Вардар, Слободан Мутибариќ остана без коса. Слободан Мутибариќ им фрли ракавица на фудбалерите дека ќе им дозволи да го истрижат во соблекувалната, доколку победат со три гола разлика против Брегалница.
Тоа секако беше дополнителен мотив за фудбалерите кои во саботата со 3:0 го совладаа штипскиот тим, а потоа следуваше и исполнувањето на облогот.
„Бербери“ беа капитенот Милан Илиевски и дефанзивецот Димитрија Лазаревски.

фото: ФК Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


