| четврток, 6 декември 2018 |

Сади Беџети бара сојуз со Македонците од Тетово против „командантот“ од ДУИ

Градоначалникот на Татово од редовите на ДПА, Сади Беџети, кој во вториот круг ќе се бори за уште еден мандат со Теута Арифи од ДУИ, ги повика Македонците да гласаат за него и заедно да спречат претседател на советот да биде командант од ДУИ.

– Некој не сака да излегува, но морате да излезете затоа што претседателот на Советот, ако не бидам јас градоначалник, ќе биде од ДУИ, командантот, кој ќе го води Советот. И тој ќе се бави со промена на имиња, улици, кипови, ќе почнат, како што ми правеле мене 4 години, и мојата идеја е, следните избори мораме да имаме Македонец за претседател на Советот и да работиме во интерес на градот – порача Беџети.

Во првиот круг најмногу гласови освои Теута Аарифи од ДУИ, која имаше 4.000 гласа повеќе од Сади Беџети од ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top