Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска се сретна со членовите на Специјалната олимпијада Македонија кои учествуваа на последните Летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави.
Членовите од Специјална Олимпијада Македонија од 25 јули до 2 авуст учествуваа на ЛОИ во Лос Анџелес и освоија десет медали.
Членовите на Специјална олимпијада се натпреваруваа во атлетика, пливање, пинг-понг и јунифајд кошарка. Медали во атлетика освоија: Јулијана Петровска – злато на 100 метри, Ајвази Себат – сребро 200 и 400 метри, Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри. Во пливање Марио Мицковски – злато 25 метри слободен стил, Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стил, Јована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил. Во пинг-понг Фатиме Бељур и Давид Стојановски освоија бронза, а тимот во кошарк, унифајд тим – сребро.
На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст