| четврток, 6 декември 2018 |

Лани го загубивме златниот сет, сега одиме на злато во Европската лига

odbojka5

Македонија ќе игра за злато во Европската лига со Словенија вечерва во Валбржих, Полска од 20 часот, а интересно е дека двата финалисти од ова издание лани потклекнаа во полуфиналето.

Македонија беше на прагот на историја и лани, но го загубивме таканаречениот златен сет во реваншот со Црна Гора. Во Скопје победивме со 3-1, а во реваншот во Будва, Црногорците ни возвратија со иста мерка и мораше да се игра златниот сет. Домаќините беа посконцентрирани и славеа со 15-10, а потоа во финалниот меч ја победија и Грција за шампионската круна во Европската лига.

odbojka12

И Словенија за влакно не успеа против Грците, откако на гости направи подвиг и го доби мечот со 3-2. Во реваншот во Марибор, нашите јужни соседи победија со 3-1 и се пласираа во финалето.

Словенците имс е реваншираа во ова издание и тоа во последните два меча по групи со две победи против Грците и индиректно и помогнаа на Македонија да патува на завршниот турнир. Според досегашните правила финалистите од Полска би требало да играат во третиот ранг од Светската лига од селдната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top