| четврток, 6 декември 2018 |

Рјабков: Нема причини за американскиот ракетен штит во Европа

сергеј

Русија не гледа причина САД да продолжат со своите планови за поставување на ракетен штит во Евопа, бидејќи е постигнат нуклеарен договор со Иран – изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој посочи дека нема основа и за продолжување на континуираниот дијалог со САД за намалување на нуклеарното вооружување во практичната сфера.

– САД треба да признаат дека прашањето за нуклеарно разоружување не може да се набљудува одвоено од другите фактори кои влијаат на стратешката стабилност. Бројот на таквите фактори не се намалува. Напротив само расте. САД наведуваат вештачки причини за воспоставување на неопходен антиракетен одбранбен систем (АБМ) во Европа, а тоа се правда со опасноста од балистички ракети – истакна Рјабков

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top