| четврток, 6 декември 2018 |

Швајнштајгер верува во титула со Манчестер Јунајтед

Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер ова лето по цели 13 години го напушти Баерн Минхен и премина во редовите на Манчестер Јунајтед. Тој повторно работи со поранешниот тренер на „баварците“ и секогашен менаџер во Јунајтед, Луис Ван Гал.
Додека англиската јавност со резерва гледа на можноста токму „црвените ѓаволи“ да ја освојат титулата и не се фаворити број еден, Швајни верува дека токму неговиот нов тим може да дојде до титулата.

– Како прво сметам дека за секој тим во Премиер лигата е тешка задачата да стигне до титулата. Но, ако работиме вредно, и дадеме се од себе и си веруваме еден на друг, имаме шанса да ја освоиме титулата во Премиер лигата – изјави Бастијан Швајнштајгер.

Неговиот поранешен тренер од редовите на Баерн, Пеп Гвардиола пред извесно време ја образложи причината за продажбата на една од иконите на клубот. Тој се сомнева во физичката подготвеност на германскиот репрезентативец.
Швајни ја искористи шансата да одговори на тврдењата на Гвардиола.

– Подготвен сум. се Чувствувам се подобро. Доцна започнав со подготовките, бидејќи имав долг одмор. Подоцна се приклучив на новиот тим, а имав и мала повреда. Секој ден се чувствувам се подобро и за две недели ќе бидам во полна форма – додаде Швајни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top