| четврток, 6 декември 2018 |

Седум повредени при пад на американски воен хеликоптер во Јапонија

хели

Воен хеликоптер на американската армија се урна денеска при слетувањето по тренинг лет на брод на американската армија во близина на јужниот јапонски остров Окинава, при што седум лица се повредени.

– Хеликоптерот „Сикорски УХ-60 Блек Хоук“ се урна во морето на 30 километри источно од воздухопловната база „Кадена“ на Окинава – изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана, Кентаро Като.

Причините за несреќата се уште се разгледуваат.

Над половина од околу 50 илјади американски војници во Јапонија се распоредени во Окинава.

Повредените се пренесени во болница, а останатите десет патници во хеликоптерот не се повредени, соопшти портпарол на јапоснката крајбрежна стража.

Присуството на илјадници американски војници на јапонскиот остров Окинава е извор на тензии. Планот на американските и јапонските власти од 1996 година предвидува преместување на американската база од населеното место во помалку развиен регион, додека жителите на Окинава бараат базата да биде целосно дислоцирана од островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top