Исламска држава почна нова офанзива против сириските бунтовници северно од Алепо, освојувајќи подрачје во близина на турскосириската граница, каде Турција и САД сакаат да создадат слободна зона од ИД.
Десетици лица загинале од двете страни во борбите околу градот Мареа на 20 километри јужно од границата со Турција, каде бомбашисамоубијци синоќа активираа четири бомби.
Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека во борбите во Мареа загинале најмалку 25 бунтовници и осум припадници на ИД.
ИД тврди дека нападнала две згради во Мареа и убила околу 50 припадници на Сириската слободна армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро



