Бошњачкиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ ја смета за предвремена и нецелосна иницијативата на српскиот премиер Александар Вучиќ за определување ден во спомен на сите жртви од војната на територијата на поранешна Југославија, јави Танјуг.
Според него, на иницијативата треба да ѝ претходи завршување на процесот на стабилизирање и нормализирање на сите односи во регионот.
– Иницијативата на премиерот Вучиќ може да добие смисла, само ако подразбира вистинско соочување пред вистината за сите злосторства, прифаќање на пресудите на меѓународните судови и историските факти, утврдени во тие пресуди и недвосмислена осуда на дејства, кои водат кон нови конфликти – рече Изетбеговиќ.
Српскиот премиер Вучиќ рече дека нема никогаш да се откаже од идејата за заеднички ден на спомен на сите жртви на војната на територијата на поранешна Југославија и верува дека регионот ќе се помири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста



