| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа го блокираше патот Кичево- Охрид

ohrid

Тешка сообраќајна несреќа предизвика подолготраен застој на патот Кичево -Охрид. Формирана е километарска колона од возила, а сообраќајот е блокиран скоро еден час. Според дневниот весник „Вечер“ станува збор за верижен судир меѓу четири автомобили. Полицијата во моментот прави увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top