| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со помош за поплавените во тетовско

Во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес беше организирана хуманитарна акција во село Доброште, општина Теарце.

ums-3_thumb_medium500_667

Доброште е едно од поплавените села во тетовско, каде членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот Владимир Неловски доенсоа помош за настраданите. УМС донираше вода во селото која е најпотребна токму во овие денови кога и температурата на воздухот е многу висока.

ums-2_thumb_medium500_281

-УМС ке продолжи во наредните денови контуинирано да донира вода за пиење бидејќи тоа е нај потребно за селото. УМС помогна кога беше најпотребно за настраданите од поплавите во Прилеп и источна македонија со собирање на непоходните намирници потребни за жителите на овие краеви. УМС помогна и по поплавите пролетва во источна македонија и во пелагонија кога беа поплаевни повеќе населени места, велат од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.

ums-1_thumb_medium500_281

Тие додаваат дека УМС во континуитет помага и ќе продолжи да помага на населението во регионите каде за тоа има потреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top