Македонските одбојкари направија нов подвиг и по вторпат во два дена ја победија Полска, денеска со 3-1 и си ги зголемија шансите за настап на фајналфор турнирот во Европската лига. За таков расплет ни требаат два порази на Грција од Словенија, но македонските одбојкари на вистински начин си го заврпија својот дел од работата.
Полјаците поведоа со 1-0 во сетови и тоа убедливо со 25-15, за потоа да следи фуриозен пресврт. Вториот сет го добивме со 25-23, потоа и поведовме со 2-1, откако го добивме сетот со 25-19, а избраниците на Ристоски беа на висина на задачата и во четвртиот сет, кој потворно и припадна на Македонија со 25-22 за конечна победа од 3-1 во сетови. Вчера ги надигравме Полјаците со 3-2 и имаме 21 бод. За настап на Ф4 турнирот во Полска ќе ни требаат две победи на Словенија против Грција со резултат од 3-0 или 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



