| четврток, 6 декември 2018 |

Како за една минута да го отстраните неподносливиот јадеж од убод од комарец?

Сезоната на комарци продолжува, бидејќи временските прилики -топло и влажно се најпогони за нив.

kom2

Како да го остраните неподносливиот јадеж? Сè што треба да направите е да загреете метална лажичка под млаз од многу топла вода одчешма (околу половина минута), а потоа да ја притиснете директно на убодот. Држете ја цврсто на кожата околу една минута.

Кога ќе ја тргнете лажичката, јадежот ќе исчезне!

Како функционира?

Кога ќе не укаса комарец, додека тој ја цица нашата крв, под кожата инјектира одредени протеини чија цел е крвта да не се згусне. Токму тие протеини се она што го предизвикувајадежот, а истите не можат да опстојат на умерено висока температура – која ќе ја постигнете со ставањето на загреаната лажичка.

Отокот од убодот веројатно ќе остане уште неколку дена, но непријатниот јадеж ќе исчезне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top