| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија има потреба од 29.000 угостителски работници, минималецот 1.400 евра

На австрискиот пазар на труд му недостига персонал за угостителство, соопшти Сервисот за вработување. Во првата половина на оваа година владата побарува 14.259 работници во угостителството – келнери, 10.227 готваци и 5.091 помшници во кујна.

Голема е побарувачката за помошна работна сила во областа на чистење на згради и пакување стока, општа помошна работа сила, како и работници за во складишта.

Од 1 мај годинава вработените во хотелиерството и угостителството имаат законски осигурана минимална бруто-плата во висина од 1.400 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top