Франција денеска соопшти дека бара нови купувачи за двата носачи на хеликоптери од типот „Мистрал“, кои требаше да и бидат испорачани на Русија, но Париз ја стопира нивната испорака поради кризата во Украина.- Уверен сум дека ќе има други купувачи. Неколку држави пројавија интерес за овие два борда – изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан.
Тој одби да посочи кои се потенцијалните заинтересирани купувачи на „Мистралите“, додавајќи дека Франција би сакала што поскоро да ги продаде двата брода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.