Најмалку 10 лица загинаа, а 23 други се ранети денеска при два напади со автомобил-бомби во две шиитски населби во ирачкиот главен град Багдад, соопшти ирачката полиција.
Шест цивили загинаа, а 12 се ранети кога автомобил-бомба експлодирал во североисточната населба Садр Сити.
Неколку часа подоцна друга автомобил-бомба експлоцирала во северната населба Хусеинија, при што загинале четири лица, а 11 се ранети.
Досега никој не презеде одговорност за нападите.
Шиитските квартови во Багдад и останатите ирачки градови населени претежно со шиити се честа мета на напади на сунитските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



