Здравствениот дом – Скопје во соработка со општина Аеродром летово на повеќе локации низ општината организира акции со бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови.
Акциите за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време во периодот од 18.30 до 21.30 часот ќе се спроведат на повеќе локации на територијата на општината.
Жителите денес можат да се прегледаат во паркот „Аеродром“, на 9 август во Паркот на езерата, а на 14 август во паркот „Јане Сандански“. На 19 август прегледи се предвидени во паркот „Аеродром“, на 24 август во Паркот со езерата, а на 30 август во паркот „Јане Сандански“.
Според општите препораки за полесно соочување со високата температура, пожелно е граѓаните да консумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11 до 17 часот.
Акцијата ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.