Долгогодишниот капитен на Трабзон, голманот Онур Киврак се врати на тренинзите за својот клуб по инцидентот кој го направи во пресрет на дуелот против Работнички во Скопје во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Тој не бранеше на средбата на „Филип Втори“, но синоќа се појавил на тренингот на Трабзон, а турските медиуми најавуваат дека можеби ќе застане и на голот на реваншот против „романтичарите“ в четврток.
– Имавме сериозен разговор со раководството и со тренерот Шота Арвеладзе и морам да истакнам дека сум среќен што најдовме решение. Жалам што ги вознемирив навивачите со мојата постапка, но сега мораме да гледаме напред и сето ова да го оставиме зад нас, изјави Онур Киврак по состанокот.
Ако тренерот на Трабзон одлучи да го стави во првиот состав, тој ќе биде големо засилување за тимот, кој има негатива од 0-1 од првиот натпревар на кој победи Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


